Лејла Каламуиќ

/Лејла Каламуиќ
Лејла Каламуиќ 2023-03-15T02:07:07+00:00

Project Description

Лејла Каламујиќ е родена во Сараево во 1980 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Сараево и се стекнала со диплома по филозофија и социологија. Авторка е на збирка раскази „Анатомија на насмевката“ (2015) и „Побрзај и измисли град“ (2021). За збирката „Викајте ме Естебан“ ја добива наградата „Едо Будиша“ на Истарската жупанија за најдобра регионална збирка раскази во 2015 година. Збирката „Побрзај и измисли град” ја доби регионалната книжевна награда „Штефица Цвек”. Освен расказите, има објавено и книга со драми „Заграб полн со облаци” (2020). Драмите од оваа книга „Канибалот или како убив моето семејство“ и „Да го исклучиме светлото“ беа изведени во Босанскиот народен театар во Зеница. Нејзините приказни и драми се преведени на повеќе странски јазици.

Related Articles