Кристина Божурска

/Кристина Божурска
Кристина Божурска 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

Кристина Божурска е роденa во 1984 година во Куманово. Дипломирала 2008 г. на сликарскиот оддел на ФЛУ во Скопје, а во 2017 година завршува постдипломски културолошки студии на Институтот за македoнска литература со тема уметничка социјална практика. Таа работи со повеќе техники и медиуми, вклучувајќи реди-мејд објекти, сликарство, цртеж, текст и видео. Социо-политичките опсервации се клучни за нејзината уметничка пракса, а секојдневието и проблемиите на современото живеење се често поставувани прашања во нејзините дела. Самостојно излагала во Bjarred, Шведска; Скопје, Куманово и Берлин и учествувала на повеќе групни изложби и видео арт фестивали во Македонија и надвор. Остварува студиски престој во ISCP Њујорк и курс за Arte Util предводен од Тања Бругуера на летната Академија во Салзбург во 2013 год. Има освоено неколку награди: Најдобрo видео во категоријата “Nano Minute” на Меѓународниот видео фестивал во Бразил (2008); (YVAA) “Денес”, награда за млад уметник за 2010 година. Во моментов предава ликовна уметност во интернационалното училиште QSI, во Скопје.

Related Articles