Катица Ќулавкова

/Катица Ќулавкова
Катица Ќулавкова 2018-08-21T17:17:47+00:00

Project Description

поет, литаратурен теоретичар, критичар, есеист, препејувач, антологичар. Родена е на 11 декември 1951 година во Велес. Има завршено Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира на тема: „Метафората и современата македонска поезија“, а докторира на Филозофскиот факултет во Загреб на тема: „Одлики на лириката“. Работи на Филолошкиот факултет во Скопје како професор по теорија и методологија на проучувањето на книжевноста на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Една година работела при Лекторатот по македонски јазик и литература во Париз на INALCO. Била претседател на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1978 година.
Автор е на книгите: Благовести (поезија, 1975), Акт (поезија, 1978), Нашиот согласник (поезија, 1981), Нова пот (поезија, 1984), Фигуративниот говор и македонската поезија (студии, 1984), Невралгични местаНеуралгичнa места (двојазично издание, Вршац, поезија, 1986), Стапка и отстапка (огледи и критики, 1987), Дива мисла (поезија, избор, 1989), Одлики на лириката (студија, 1989), Жедби, престапни песни (поезија, 1989), Друго време (поетска проза, 1989), Копнеж по систем (студии и критики, 1992), Домино (поезија, 1993), Потход и исход (критики, 1996), Изгон на злото (поезија, 1997), Камен искушител (критики, 1997), Тетратки (критики и огледи, 1997), “Via lasciva” (песни во превод на француски, 1997), “Time difference” (поезија во превод на англиски, 1998), Предигра (поезија, избор, 1998), Теорија на книжевноста (1999). Има подготвено антологија на македонскиот расказ и есеј.
Добитник е на наградите: „Студентски збор“, „Браќа Миладиновци“, „Нарциса“, „Млад борец“, „Велја Кутија“.

Веб сајт изработен од блесок.веб.дизајн: http://www.kulavkova.org.mk

Е-книги од Катица Ќулавкова во издание на Блесок:
L’expulsion du mal
Меѓусвет
Time Difference
Via lasciva
Дива мисла

Related Articles