Камил Писаро

/Камил Писаро
Камил Писаро 2018-08-21T17:17:50+00:00

Project Description

Камил Јакоб Писаро (1830-1903), француски сликар, импресионист. Роден е во Сент Томас на Девствените Острови, а се преселил во Париз во 1855, каде што студирал со францускиот пејзажист Камил Коро. Најпрвин поврзан со школата Барбизон, Писаро подоцна и’ се придружува на групата сликари коишто го развиваат импресионизмот. За време на Француско-Пруската војна (1870-1871) живее во Англија, каде што ги изучува пејзажите на Џозеф Тарнер. И самиот одличен учител, Писаро ги подучувал француските сликари Пол Гоген и Пол Сезан, својот син Лусјен Писаро, како и американската импресионистка Мери Касат.

Related Articles