Калина Малеска

//Калина Малеска
Калина Малеска 2018-09-17T12:12:51+00:00

Project Description

Калина Малеска (родена 1975) е писателка, книжевна критичарка, преведувачка. Таа е професор по англиска литература на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Ги има објавено следните дела: збирките раскази Недоразбирања (Македонска книга, 1998), Именување на инсектот (Слово, 2008) и Мојот непријател Итар Пејо (ИЛИ-ИЛИ, 2016); романите Бруно и боите (Слово, 2006) и Призраци со срмени нишки (Слово, 2014); и драмата Случка меѓу настани (Слово, 2010). Нејзините раскази се преведени на неколку јазици и се објавени во списанија и антологии во Македонија и во странство. Нејзиниот расказ „Поинаков вид оружје“ е објавен во книгата “Best European Fiction 2018” (Dalkey Archive Press). Има објавено и критички есеи во списанија во Македонија и во странство. Малеска преведува книжевни дела од англиски на македонски и обратно, меѓу кои Тристрам Шенди од Лоренс Стерн, Избрани раскази од Амброуз Бирс, Она што беше небо од Владо Малески и други.

Related Articles