Исток Осојник

/Исток Осојник
Исток Осојник 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Исток Осојник (1951, Љубљана) е поет, писател, есеист, преведувач, уредник, сликар, сценограф, туристички водич, алпинист, светски патник. Во младоста започнал неколку уметнички движења и учествувал во основањето на анархистичкото „Подреалистичко движење“, на уметничкото „Garbage art“ (Киото) и на музичките „Papa Kinjal Band“, „Hidrogizme“, како и на повеќе установи и фестивали. Сè уште е независен уметник и мислител кој не се обѕира на постоечките клишеа и општествени врски. Досега објавил 20 поетски збирки (последните се Темен јули, Беше еднаш Америка, Од Новиот свет и Господинот Денес) и четири романи (последниот е Темна состојка, 2005). Во 2005 год. ја објавил збирката есеи Насмевката на Мона Лиза, а во 2006 год. збирката политички есеи Хомо политикус. Неговите песни и есеи се преведени на 18 јазици. Досега му биле објавени три поетски книги на англиски и една на чешки. За своето дело добил повеќе книжевни награди (Јенко, Вероника, Жупанчич, Лучиќ како и италијанската награда за поезија на Јулијска Краина, 2001). Во 2004 год. повторно бил номиниран за наградата „Вероника“, во 2005 год. за наградата на „Фондот на Прешерн“, а во 2006 год. за наградата „Кресник“.

Related Articles