Ингрид Јонкер

/Ингрид Јонкер
Ингрид Јонкер 2018-08-21T17:18:27+00:00

Project Description

Ингрид Јонкер (19 септември 1933 – 19 јули 1965) е една од најпознатите и најславните јужноафрикански поетеси. Иако пишувала на африкански, нејзините песни се преведени на англиски, но и на многу други јазици. Ингрид Јонкер има статус на икона во Јужна Африка и често се нарекува jужноафриканска Силвија Плат, поради значењето на нејзината работа, како и нејзиниот бурен и краток, трагичен живот. Исто така, нејзиниот книжевен и животен опус често се споредува со оној на Ана Секстон. Во последните месеци од својот живот страдала од сериозни психички нарушувања. Така, во текот на ноќта на 19 јули 1965 година, Јонкер сосема сама се упатила кон плажата во Три Анхор Беј во Кејп Таун, каде што влегла во морето и извршила самоубиство со давење.

Related Articles