Иван Христов

/Иван Христов
Иван Христов 2018-08-21T17:18:19+00:00

Project Description

Поетот, критичарот и сценски уметник Иван Христов (роден 1978 година) дипломирал бугарска литература на Универзитетот во Софија во 2001 година и ја одбрани неговата докторска дисертација по бугарски модернизам во Бугарската академија на науките во 2008 година. Неговата прва поетска книга, Збогум на 19. век (2001) во 2002 ја доби престижната награда Јужна пролет за најдобра дебитантска книга. Неговата втора збирка Бдин (2004) наиде на одобрување од критиката, а во 2006 година ја доби националната награда за литература Светлоструј. Во 2009 година ја добива првата награда на поетскиот маратон во рамките на фестивалот „Пролетта на Горан“, во Хрватска.
Неговите дела се преведени на англиски, француски, турски, грчки, хебрејски, романски, српски, хрватски и унгарски. Иван има учествувано на бројни поетски фестивали во странство. Исто така, тој е водечки литературен критичар од својата генерација со бројни академски публикации; неговата истражувачка студија во формат на книга, Кругот на Стрелецот и идејата за Природното (The Sagittarius Circle and the Concept of the Native), победи на конкурсот на Националниот културен фонд на Министерството за култура на Бугарија и беше објавена во 2010 година. Во 2011 година две од неговите песни од Бдин се вклучени во престижната Американска антологија за преведена литература Two Lines. Од 2010 година, Иван Христов е член на организацискиот комитет на меѓународниот поетски фестивал во Софија: Поетики. Учествувал на мноштво меѓународни литературни фестивали, а во моментов работи како истражувач на Институтот за литература во Бугарската академија на науките. Член е на Здружението на бугарските писатели.
Иван Христов е член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.

Related Articles