Зоран Бејковски

/Зоран Бејковски
Зоран Бејковски 2018-08-21T17:18:20+00:00

Project Description

Зоран Бејковски е роден 1981 година во Битола каде го завршува своето средно гимназиско образование. Се запишува на студии по физика, ги прекинува и се запишува на информатика, меѓутоа, не го завршува своето образование.
Работел како дистрибутер и шеф на дистрибуција за неделни и месечни списанија, помошник електроинсталатер, трафикант, C# програмер, а дел е и од организацијата на арт кино „Барикада“ како и на дебатното кино „Контра Кадар“.
Поезија пишува од средно, а од пред неколку години и кратки раскази. Поезијата ја објавува на неговата веб страница (http://bejko.atspace.com/). Објавуван е на разни интернет портали, студентски списанија, книжни додатоци и брошури, досега нема издадено книга. Во 2010 година, за расказот „Мирјани“, ја добива втората награда на традиционалниот конкурс за кратки раскази на „Нова Македонија“. Во 2012 година учествува на „Кикинда Шорт“ – фестивал за кратки раскази.
Љубител е на шах и шаховска проблематика и фанатичен возач на тркачки велосипед, а често, во слободно време црта (http://bejko.deviantart.com/gallery/).

Related Articles