Жељана Вуканац

//Жељана Вуканац
Жељана Вуканац 2019-07-31T10:21:47+00:00

Project Description

Родена е 1990 во Задар. Живеела во Жегар, Обровац, Обилиќ и Белград, каде што ја завршила Петтата белградска гимназија, дипломски и постдипломски студии по српска литература на Филолошкиот факултет на Белградскиот универзитет. Учесник е на конференции, проекти и работилници по креативно пишување. Објавувала на блогови, портали и зборници. Авторка е на две збирки поезија: „Простори“ (прва награда на литературниот конкурс „Мак Диздар“ во Стоц, 2018) и „На бранот дај му име бран“. Моментално живее во Келн и ја посетува мастер-програмата „Културната и интелектуалната историја помеѓу Истокот и Западот“.

Related Articles