Project Description
Душко Крстевски е роден на 22 мај 1981 год. во Скопје. Дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Моментално е постдипломец на истиот факултет каде работи и како демонстратор по предметот Македонска книжевност 20 век. Во рамките на литературниот клуб „Мугри“ работи како заменик координатор, а е член и на издавачкиот совет на електронското списание за литература и култура „Репер“. Објавува во периодиката поезија и есеи. Преведува од бугарски јазик. Се занимава и со музичка критика.
Душко Крстевски бил уредник на Блесок Критика.
Dusko.krstevski@gmail.com