Дејан Дуковски

/Дејан Дуковски
Дејан Дуковски 2018-08-21T17:17:51+00:00

Project Description

Дејан Дуковски (25 април 1969, Скопје) – драмски автор
Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности/ФДУ во Скопје (1990). По дипломирањето работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993). Во 1993 година на ФДУ е избран за асистент по предметот филмско и тв-сценарио, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија.
Драмски текстови: Балканска гротеска (1988); Последниот балкански вампир (1989); Силјан штркот шанца (1991); Џинот и седумте џуџиња (1991); Балканот не е мртов (1992); Буре барут (1994); Маме му ебам кој прв почна (1996). Автор е и на сценаријата за играните филмови Светло сиво (1993) и Буре барут (1995).
Според сценариото Буре барут режисерот Горан Паскаљевиќ сними игран филм, копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и од Грција. Филмот учествува на познати светски фестивали и ги добива наградите: FIPRESCI – награда од критиката на Фестивалот во Венеција (1998); Награда на Европската асоцијација на критичарите (Лондон, 1998); Гран-при на Фестивалот во Анталија, Турција (1998); Награда Бронзена камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки (Битола, 1998); Гран-при на Интернационален филмски фестивал (Хаифа, Израел, 1999).
Буре барут е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски кој, покрај праизведбата во Македонскиот народен театар (1994), изведен е и на уште седумнаесет сцени и на речиси толку јазици (Грција, СР Југославија, Хрватска, Германија, Данска, Холандија, Шведска, Јапонија, Бугарија…).
Награди: Награда за најдобар современ драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински – Прилеп, за драмските текстови Балканот не е мртов (1993) и Буре барут (1995); Гран-при на Интернационалниот театарски фестивал БИТЕФ за драмскиот текст Маме му ебам кој прв почна (Белград, 1997).

Related Articles