Дарија Андовска

/Дарија Андовска
Дарија Андовска 2021-11-07T12:50:21+00:00

Project Description

Дарија Андовска (1979, Скопје) дипломирала композиција на Факултетот за музичкa уметност во Скопје во класата на Гоце Коларовски, магистрирала на ZHdK во Цирих, Швајцарија, во класата на Изабел Мундри (современа музика), Доменико Ферари и Андре Белмо (филмска и театарска музика, продукција), а била и на докторски студии во класата на Каја Черновин, Харвард Институт, СД.

Автор на камерна, соло, оркестарска, симфониска и хорска музика, како и на музика за филм, театар, танц и мултимедијални проекти.

Добитник е на стипендии и учесник на мастеркласеви и работилници во Скопје, Санкт Петербург, Белград, Дрезден, Охрид, Берлин, Цирих, Солотурн, Штутгарт, Сараево, Фрајбург, Герлиц, Утрехт, Хилверсум.

Нејзините дела се изведувани на реномирани фестивали и бројни концерти во Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Кина,  Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Грција, Франција, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Јапонија, Албанија, Русија, Мексико, Малта, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД,

објавени на CD-а во Швајцарија, Босна и Херцеговина, Италија, Македонија, Србија и Црна Гора, Германија, а издадени во печатена форма од Nuova Stradivarius– Италија, Sordino– Швајцарија, Сојуз на композиторите на Македонија– Македонија.

Лауреат на меѓународни и домашни конкурси за композиција, филм и театар, вклучувајќи ги наградите од конкурсите на pre-art, Швајцарија, Музичка младина на Македонија и Град Цирих, Швајцарија. Нејзините филмови биле номинирани и наградени на фестивали како Сараевски филмски фестивал, Берлински филмски фестивал, Бриџ филмски фестивал, театарските претстави номинирани на МЕСС Фестивал- Сараево, Босна и Херцеговина, Војдан Чернодрински- Прилеп, Македонија, Јоаким Вујиќ- Србија и други.

Избрана меѓу најдобрите шест млади и актуелни композитори во Европа за проектот MusMA- Music Masters on Air 2013/14.

Добитник на наградата “Виртуоз“ 2013 за најдобар композитор во Македонија.

Номинирана за наградата “Виртуоз“ 2014 за најдобар композитор во Македонија.

Добитник на наградата “Истакнат уметник на Град Цирих – Композитор“ за 2014/2015.

Добитник на наградата “Виртуоз“ 2015 за најдобар композитор во Македонија.

Претставник на Македонија за CEEC 17+1, Кина и земјите од централна и источна Европа за 2016-2017 и 2018-2021.

Добитник на наградата „Панче Пешев“ 2018 која Сојузот на композитори на Македонија ја доделува за највисоко достигнување од областа на музичкото творештво.

Уметнички раководител на фестивалот Денови на македонската музика за 2013-2015 и 2019-2021

Работи како редовен професор на Факултетот за музички уметности, како и на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Related Articles