Горан Стефановски

/Горан Стефановски
Горан Стефановски 2018-11-29T18:49:23+00:00

Project Description

Горан Стефановски (1952-2018), драмски писател. Роден е на 27 април 1952 година во Битола. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година е професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Моментно живее и работи во Лондон. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1979 година.
Автор е на делата: Клинч (тв-игра, 1974), Јане Задрогаз (драма, 1974), Чиракот Шекспир (радио-драма, 1975), Сослушувањето на железничарот (тв-драма, 1976), Томе од бензиската пумпа (тв-филм, 1978), Наши години (тв-серија, 1979), Диво месо (драма, 1979), Тумба, тумба, дивина (тв-драма, 1980), Лет во место (драма, 1981), ХИ-ФИ (драма, 1982), Дупло дно (драма, 1983), Тетовирани души (драма, 1985), Бушавата азбука (тв-драма, 1985), Црна дупка (драма, 1987), “Long Play” (драма, 1988), Кула вавилонска (драма, 1989), Травијата (либрето, 1989), Зодијак (либрето, 1990), Чернодрински се враќа дома (драма, 1991), I ¦ Чернодрински (либрето, 1991), Гоце (едночинка, 1991), Сараево (драма, 1993), Старецот со камен околу вратот (едночинка, 1994), Оазата на Мира (тв-драма, 1994), Сега му е мајката (едночинка, 1995), Баханалии (драма, 1996), “EX-YU” (едночинка, 1996), Аирлија транзиција (тв-серија, 1996), “Casabalkan” (драма, 1997).
Добитник на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“ (двапати), „Војдан Чернодрински“ (шестпати).

Related Articles