Вероника Динтињана

/Вероника Динтињана
Вероника Динтињана 2018-08-21T17:18:20+00:00

Project Description

Вероника Динтињана е родена 1977 год. На Фестивалот за млада литература „Уршка“ во 2002 год. беше избрана за најдобар млад поет. Во 2008 год. ја доби наградата „витез на поезијата“ на поетскиот турнир во Марибор, а истата година беше наградена и на 6-от поетски слем во Љубљана. Во 2008 год. на Саемот на книгата во Љубљана ја доби наградата за најдобро дебитантско дело за нејзината поетска збирка „Жолто гори џбунот форситија“, објавена при издавачката куќа „Литература“. Вероника Динтињана преведува од англиски на словенечки јазик. Коорганизатор е на месечните поетски читања „Млади рими“ кои се одржуваат преку Културното друштво Кентауер на Метелкова, Љубљана. Живее и работи во Љубљана како лекар.

Related Articles