Василе Андру

/Василе Андру
Василе Андру 2018-08-21T17:18:07+00:00

Project Description

Василе Андру е роден на 22 мај 1942 год. Во Бахринешт, Буковина, Романија. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Јаш. Седум години предавал Историја на француската книжевност и Естетика на Институтот во Сучава. Ја напуштил Катедрата за да му се посвети на пишувањето. Неколку години бил професионален писател. Од 1978 год. Работи во редакцијата на списанието „Романски живот“. Бил стипендист на италијанската влада (во Рим), на француската влада (во Париз – антрополошки студии), на Меѓународната фондација Сиваванда во Индија (во Керала и Хималаи). Бил на студиски престои и во Јалта, Нов Зеланд, Ватикан, Австралија.
Пишува романи, кратка проза, есеи.
Член на Сојузот на писателите на Романија.
Поважни книги: Младоженецот (1975); Археологија на желбите (1977); Ноќта на царот (1979); Кулата (1985); Живот и знак (1989); Гората на Голготата (1991); Помнењето на текстот (1992); Индија видливата и невидливата (1993); Терапија на судбината (1994); Проза. Есеи. Интервјуа (1995); Небесни птици (1999); Света Гора: тајна и чувство (2001).

Related Articles