Вади Садех

/Вади Садех
Вади Садех 2018-08-21T17:18:07+00:00

Project Description

Роден сум во едно спокојно село со име Шабтин, во северен Либан. Тоа беше место каде луѓето, полињата, дрвјата, камењата, птиците и животните беа едно семејство.
На дванаесетгодишна возраст се преселив во Бејрут. Сè беше поинаку. Бев исполнет со длабоко чувство на напуштеност. Тогаш почнав да експериментирам со поезијата, веројатно за да избегам од тоа. Без оглед од која било причина, поезијата стана мој сопатник.
По патувањата низ Англија, Франција, Кипар, Грција, барајќи си го местото во овој свет, во ноември 1988 година, емигрирав со моето семејство во Австралија. Војната во Либан не беше единствената причина за тоа.
Поезијата не е само израз на минатото, таа е акт на креација, сон за обновувањето, за мене единствен начин да се возобновам себеси каков што би сакал да бидам.

Related Articles