Бора Ќосиќ

/Бора Ќосиќ
Бора Ќосиќ 2018-08-21T17:17:58+00:00

Project Description

Бора Ќосиќ е роден во Загреб, 1932 година. Во 1937. заедно со семејството се преселил во Белград каде продолжува со школувањето и каде завршил гимназија. Се запишал на Филозофскиот факултет во 1950 на чиста филозофија но никогаш не дипломирал, иако ги положил сите испити. Соработувал со многубројни весници и книжевни списанија. Во раната младост преведувал поезија од рускиот футуризам, пишувал филмски дијалози а во 1969 адаптирал текст за првата поставка на мјузиклот Коса во Атеље 2 Писателската кариера ја започнал со Куќата на крадците издадена во 1956. Неговата култна книга Улогата на моето семејство во светската револуција е објавена 1969. Истата ја има добиено наградата НИН, истата година.
Има напишано повеќе од 50 книги, објавени на повеќе јазици. Добитник е на многу европски награди за проза. Живее во Германија.

Related Articles