Благоја Ристески – Платнар

/Благоја Ристески – Платнар
Благоја Ристески – Платнар 2018-08-21T17:17:51+00:00

Project Description

Благоја Ристески – Платнар (5 март 1949 – Прилеп 2004) – драмски автор
Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје (1975). Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика.
Драмски текстови: Carcinoma mamae (1982); Спиро Црне (1989); Арсениј (1993); Ибро јаране (1994); Летни Силјане (1994); Лепа Ангелина (1995); Венко (1998).
Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински – Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989) и Лепа Ангелина (1996).
Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик.

Related Articles