Аниш Капур

/Аниш Капур
Аниш Капур 2018-08-21T17:18:17+00:00

Project Description

Аниш Капур, (р. 12.03.1954) е британски скулптор роден во Мумбаи, Индија. Живее и работи во Лондон од почетокот на 1970-те, каде студирал уметност на колеџот Хорнси а потоа во Школата за уметност и дизајн Челзи.
Ја претставувал Британија на XLIV Венециско биенале во 1990-та, за што бил награден со Premio Duemila. Во 1991-та ја добива Тарнеровата награда, а во 2002-та Унилевер за Турбинската сала во музејот Тејт. Меѓу бројните јавно изложени скулптури се Облачна порта, Милениумски парк, Чикаго, Небесно огледало, изложена во Рокфелер центар, Њујорк, во 2006 и Кенсингтон Гарденс во 2010-та, Теменос во Мидлхевн, Мидлсбро, Левијатан во Гранд Пале во 2011-та и АрселорМитал Орбит како постојана поставка во Олимпискиот парк во Лондон, завршена во 2012 година.
Аниш Капур е член на Кралската академија од 1999 година. Одликуван е во Велика Британија (2003), Франција и Јапонија (2011).

Related Articles