Ана Мартиноска

/Ана Мартиноска
Ана Мартиноска 2018-08-21T17:18:03+00:00

Project Description

Родена е 1972 г. во Скопје. Работи како научен соработник во Институтот за македонска литература и доцент на Културолошките студии во книжевноста на истиот Институт. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Во 2004 година остварила студиски престој на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија. Учествувала на бројни собири и конференции од областа на фолклорот, литературата и културолошките студии во Русија, Украина, Естонија, Шпанија, Германија, Швајцарија, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Словачка, Унгарија, Романија и др.
Ги објавила книгите „Поетиката на македонските народни гатанки“ (Скопје: Македонска книга, 2002), „Голиот на гости (Антологија на македонскиот еротски фолклор)“ (Скопје: МИ-АН, 2007), „Митот и ритуалот во македонскиот фолклор – релации и поникнувања“ (Скопје: Институт за македонска литература, 2008) и „Конески и фолклорот“ (Скопје: Институт за македонска литература, 2012, во печат), како и голем број научни трудови во периодиката во земјата и странство. Во неделникот „Глобус“ има објавено 180-тина колумни на родови и културолошки теми. Во моментов е редовен колумнист на дневниот весник „Нова Македонија“.
Преведува од (и на) англиски и српски јазик.

Ана Мартиноска е уредничка на Блесок Есеи и Блесок Критика.

Related Articles