Амер Капетановиќ

/Амер Капетановиќ
Амер Капетановиќ 2018-08-21T17:18:27+00:00

Project Description

Роден е во Сараево во 1973 година. Изложувал на преку 150 изложби во 18 земји, од кои 22 се самостојни. За својот труд „Венецијанска приказна“ во 2006 година ја добил наградата Collegium Artisticum 2006. Член е на Здружението на уметници на применети уметности и дизајнери на Босна и Херцеговина УЛУПУБИХ и на Асоцијацијата за уметничка фотографија во Босна и Херцеговина (АУФБиХ), каде што има титула Мајстор на фотографија. Учествувал на бројни работилници по фотографија каде што држи предавања од областа на уметничката и комерцијалната фотографија. На неколку универзитети во БиХ бил гостин-предавач на катедрите по уметност и новинарство. Од 2010-2013 година учествува во осмислувањето и продукцијата на кампањата на UN Women од областа на човековите права. Член е на „Лигата на вистинските мажи“ и активен застапник за родова еднаквост, човекови права и секуларно општество. Работи како едукатор за фотографија и видео за УНИЦЕФ. Покрај фотографија, се занимава и со документарен филм, видео продукција и веб дизајн. Од 2016 година живее и работи во Шведска.

Амер Капетановиќ

Related Articles