Славчо Ковилоски

/Славчо Ковилоски
Славчо Ковилоски 2018-08-21T17:18:24+00:00

Project Description

Славчо Ковилоски (Скопје, 1978) е македонски поет, прозаист и книжевен историчар. Автор е на една збирка раскази („Лоша тетка и други раскази“), две монодрами („Синот на Волкашин“ и „На Ножот“), три збирки поезија („Сонцето повторно ќе изгрее“, „Поезија во движење“ и „Барутна поезија“), три романи („Опасен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“) и неколку монографии од областа на историјата и книжевноста. Има преведено пет белетристички дела од хрватски и бугарски јазик на македонски јазик. Преведуван е на повеќе европски јазици. Добитник е на неколку престижни награди, меѓу кои: „3 Ноември“ (за наука), „Прозни мајстори“ (за проза) и „Јован Котески“ (за поезија). Во моментов ја извршува функцијата главен и одговорен уредник на најстарото македонско списание за литература, култура и уметност „Современост“. Работи во Институтот за македонска литература, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Related Articles