Сибила Петлевски

/Сибила Петлевски
Сибила Петлевски 2018-08-21T17:17:47+00:00

Project Description

Сибила Петлевски, писателка, научник, авторка на поетски, прозни, театарско-теориски книги и драмски текстови, преведувачка, универзитетска професорка, уредничка и перформерка родена во Загреб. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филозофскиот факултет на Загрепскиот универзитет. Предава драматургија на Академијата за драмски уметности. Членка е на Европската поетска академија и француската поетска академија Маларме. Добитничка е на годишната награда Владимир Назор за книжевност, меѓународната награда Поетека за книгата Споени лица и наградата Петар Бречиќ за теориска драматургија. Нејзината драма Ледениот генерал е избрана во меѓународната селекција на Берлинскиот фестивал Штукмарт 2005. Преведувана е и застапена во повеќе национални и неколку меѓународни антологии. Настапувала на сите поважни светски книжевни фестивали. Уредничка е во домашни и странски списанија. Од 2001-2005 година била претседателка на Хрватскиот ПЕН. Членка е на управата на Меѓународниот ПЕН.
Објавени книги – поезија: Кристали (1988), Скок од место (на хрватски и македонски, во превод на Анте Поповски, 1990), Сто александриски епиграми (1993), Вавилон (2000), Тешки спијачи (на англиски, 2000), Либитина (2002), Кореографија на страдањето (2002), Споени лица (2006).
Проза: Француска суита (1996), Кореографија на страдањето (2002), Ноќен тренинг (2006, и на македонски, во превод на Игор Исаковски, во 2008), Мојот Антонио Диаволо (2007).
Драми: Ледениот генерал (2005), Калиостро засекогаш (либрето) и Куќата на Рембо (последните две на англиски, 2007).
Авторка е на шест тома научни и стручни книги.

Сибила Петлевски е член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.

Related Articles