Петар Костов

/Петар Костов
Петар Костов 2018-08-21T17:17:46+00:00

Project Description

раскажувач, романсиер, драмски автор. Роден е во Битола на 16 мај 1928 година. Завршил Економски факултет во Скопје. Работел во Македонската радио-телевизија.
Автор е на книгите: „Мува“ (драма, 1969) „Пак кукуригаат црвените петли“ (роман, 1971), „Бог да го прости Чарли“ (раскази, 1973), „Кулата“ (роман, 1980), „За водата, виното и Анѓелија“ (раскази, 1983), „Пеењето продолжува“ (драма, 1983), „Свеќа за архиепископот Методиј“ (драма, 1985), „Чиновници, љубовници, поети, бунтовници“ (раскази, 1988), „Кралот од Куманово“ (роман, 1989), „Канарката жолтка“ (роман, 1992), „Шејтан и орел“ (роман, 1993), „Црвен дожд“ (роман, 1997).

Related Articles