Милан Дамјаноски

//Милан Дамјаноски
Милан Дамјаноски 2019-06-15T11:00:47+00:00

Project Description

Милан Дамјаноски е роден на 23 август, 1977 година во Скопје. Вработен е на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, каде што во моментот ја извршува функцијата доцент по англиска книжевност и конференциско толкување. Во 2015 ја брани докторска дисертација „Гласот и идентитетот во книжевните дела на Роберт Браунинг, Блаже Конески, Џејмс Џојс и Славко Јаневски“ и се здобива со титулата доктор по филолошки науки. При тоа, учествува со свои трудови на повеќе домашни и меѓународни стручни конференции, симпозиуми и работилници, како и објавува свои трудови во повеќе реномирани домашни и меѓународни печатени и електронски стручни списанија и зборници. Член е на уредувачкиот одбор на меѓународното списание „Блесок’. Во 2018 година ја објавува својата прва збирка афоризми „Статусот на нашето време“ за издаваќката куќа Блесок.

За време на студиите, како и по завршување на истите професионално се занимава со преведување и толкување од англиски јазик. Има преведено еден роман, неколку збирки поезија и раскази на англиски и македонски јазик од автори како што се Блаже Миневски, Владимир Мартиновски и Светлана Христова- Јоциќ. Неговиот превод на англиски на романот „Нишан“ од Блаже Миневски во рамките на проектот на Владата на РМ за превод на 130 антологиски македонски книги во 2011 г е номиниран за престижната меѓународна награда Dublin Impac Award 2013.

Related Articles

Translator

Автор