Марта Маркоска

/Марта Маркоска
Марта Маркоска 2018-08-21T17:18:20+00:00

Project Description

Марта Маркоска е родена на 29.06.1981 година, во Скопје.
Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала на Интердисциплинарните Културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска литература во Скопје.
Маркоска е член на Друштвото на писателите на Македонија и досега има објавено четири авторски книги: збирката песни Стрмоглаво кон височините, за која е добитник на наградата Ацо Караманов (2012 год), збирката есеи Хипер Хипотези (2011 год.), збирката раскази Вител во Витлеем (2010 год.) и збирката песни Сите притоки се слеваат во моето корито (2009 год.).
Марта Маркоска, од скоро е застапена во четири антологии: Антологија на младата македонска поезија: „Лирски Додекамерон“ (Струшки вечери на поезијата, 2012), Антологијата на поезија и проза: „Ветерот носи убаво време“ (Матица, 2012), во Антологијата на македонскиот современ расказ (Феникс, 2012), и во Антологија на текстови посветени на градот Скопје: „Планета Скопје“ (Феникс, 2012).
Таа свои текстови објавувала и во научните списанија: Спектар и Културен живот, во електронското списание за литература Мираж (Mirage), во списанието за книжевност и култура АКТ, во електронскиот конкурс за литература, Електролит, во списанијата Стожер, Маргина, критички осврти за филмови, раскази и песни во списанието Книжевно житие, научни трудови и коментари во збирките текстови: Елитна и масовна култура и Вкалапувања. Исто така, нејзини раскази се објавувани и во збирките Зборници на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија.

Пишувала рецензии за театар во дневниот весник Дневник и рецензии за филмови на неколку македонски интернет страници.

Зад себе има два театарски мултимедијални перформанси, а е музички илустратор и на неколку документарни филмови.

Во моментов е докторанд на Културолошките студии при Институтот за македонска литература во Скопје.

Related Articles