Луис Глук

/Луис Глук
Луис Глук 2018-08-21T17:17:52+00:00

Project Description

Луис Глук (1943) предавала поезија на бројни колеџи и универзитети. Нејзина прва збирка е „Првородена“ (1968). Тонот на збирката вознемири многумина критичари, но исклучително контроверзниот јазик на Глук и имагинативната употреба на римата ги одушеви другите. Нејзината збирка „Куќата на мочуриштето“ (1975) покажува големо владеење со гласот. Таму, како и во нејзините подоцнежни книги, ликовите на Глук вклучуваат историски и митски личности, како што е Јованка Орлеанка. Нејзиното усвојување на различните перспективи стана растечки имагинативно; на пример во „Болното дете“ од збирката „Фигура во спуштање“ (1980), нејзиниот глас е глас на мајка во музеј, која слика и ја разгледува светлата галерија. Песните во „Триумфот на Ахил“ (1985; награда за поезија National Book Critics Circle Award), се обраќаат кон архетипски лица од класичниот мит, бајките и Библијата. Овие заложби се исто така очигледни во „Арарат“ (1990), како жешка искреност при испитувањето на семејството и самиот себе. Подоцнежните дела од Глук ги вклучуваат „Дивиот ирис“ (1992; Пулицерова награда), „Ливади“(1996) и „Првите пет книги песни“ (1997). Била и уредник на „Најдобрата Американска поезија за 1993“.

Related Articles