Луан Старова

/Луан Старова
Луан Старова 2018-08-21T17:17:51+00:00

Project Description

раскажувач, романсиер, поет, есеист, литературен критичар и научник. Пишува на албански, македонски и француски јазик. Роден е на 14 август 1941 година во Поградец (Албанија). Завршил Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал и докторирал во Загреб од областа на француската и компаративната книжевност. Работи како универзитетски професор и дипломат (амбасадор на Р. Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и Унеско).
Авотор е на книгите: Луѓе и мостови (патеписна проза, 1971), Kutijtë e pranvëres („Границите на пролетта“, роман, 1971), Barikadat e kohës („Барикадите на времето“, патеписи, 1976), Доближувања (есеи и книжевни студии, 1977), Релации (есеи и книжевни студии од балканските литератури, 1982), Кинеска пролет (патеписна проза, 1984), Пријатели (патеписи и есеи, 1986), Континуитети (книжевни есеи, 1988), Митска птица (краток роман, 1991), Песни од Картагина (поезија, 1991), Мостот на љубовта (роман, 1992), Татковите книги (роман, 1992), Времето на козите (роман, 1993), Балкански клуч (раскази, 1995), Француски книжевни студии – 20 век (есеи и книжевни студии, 1995), Атеистички музеј (роман, 1997), Пресадена земја (1998), Патот на јагулите (роман, 2000), Тврдина од пепел (роман, 2002).
Добитник на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Григор Прличев“, „Стале Попов“. Носител е на странски одликувања.

Веб сајт: www.starova.com.mk
е-пошта: starova@freemail.org.mk

Related Articles