Лидија Капушевска-Дракулевска

/Лидија Капушевска-Дракулевска
Лидија Капушевска-Дракулевска 2018-08-21T17:17:49+00:00

Project Description

Лидија Капушевска-Дракулевска (1962)
Редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Член е на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC/ENCLS) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC/ICLA). Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкување на поетски текстови и компаративно проучување на книжевните феномени (македонската литература во европски контекст, имагологија, интеркултурни релации, меморија и уметност…).

Објавени книги:
• Во лавиринтите на фантастиката
: фантастичниот расказ во македонската литература (1998, 2004 – второ издание)
• Поетика на несознајното
: симболистички импулси во современата македонска поезија (2001)
• Поетика на изненадувањето
: надреалистички импулси во современата македонска поезија (2003)
• Маргарита по трагите на Мајсторот
: есеи и студии (2006) и
• Калеидоскоп
: студии и есеи (2011).

Приредени книги:
• Антологија на светската лирика
(1994) заедно со Маја Бојаџиевска
• Ден во Скопје,
антологијата на скопски раскази (1998)
• Куќа – цел свет:
тематскиот избор („Куќа. Праг”) од македонската поезија (2004 – двојазично, на македонски и на англиски јазик)
• Влада Урошевиќ, Непредвидени прошетки (избор поезија / избор раскази), избор и предговор (2008)
• Иван Џепароски, Волја за мисла (избор поезија), избор и предговор (2008)
• Тешка ноќ:
антологијата на современиот македонски фантастичен расказ (2009)
• Кога пеперугата станува песна
– избор од македонската современа поезија на фламански (2010) заедно со Владимир Мартиновски.

Лидија Капушевска-Дракулевска е уредничка на Блесок Есеи и Блесок Критика.

Related Articles