Звонко Карановиќ

/Звонко Карановиќ
Звонко Карановиќ 2018-08-21T17:18:22+00:00

Project Description

Звонко Карановиќ (1959) е поет и прозаист роден во Ниш, Србија. По примерот на писателите од бит генерацијата, патувал низ Европа, стопирал, често менувал занимања. Работел како новинар, уредник, водител на радио, диџеј, организатор на концерти, тринаесет години бил сопственик на музичка продавница.

Почнал да пишува под влијание на бит книжевноста, филмот и поп културата. Како писател со изразена урбана чувственост, долги години бил култен андерграунд поет со силни влијание на поетите од помладата генерација.

Ја напишал првата трилогија на српската книжевност во XXI век – Дневникот на дезертерот ја сочинуваат романите Повеќе од нула (2004), Четири ѕидови и град (2006) и Три слики на победата (2009). Сите три романи беа силно забележани во српската книжевна јавност. Повеќе од нула има три изданија, додека романите Четири ѕидови и град и Три слики на победата беа во најтесна конкуренција за НИН-овата награда, најпрестижно национално признание за роман на годината.

Објавени книги песни:
Блицкриг
(1990)
Сребрениот сурфер
(1991; 2001)
Мама меланхолија
(1996)
Екстраваганца
(1997)
Темна магистрала
(2001)
Соблекување
(2004)
Месечари на излет
(2012)
Кафези
(2013)

Неонски пци – избрани песни (2001)
Box Set – собрани песни
(2009)
Темна магистрала – избрани песни
(Хрватска, 2008)
Тапани и жици, автопат и ноќ – избрани песни
(Украина, 2011)
Burn, Baby, Burn – избрани песни
(Австрија, 2013)
Најдобрите години од нашите животи – избрани песни 1991-2004
(2014)

Песните му се преведувани на десетина европски јазици. Застапен е во многу поетски антологии, од која најзначајна е New European Poets (Wayne Miller & Kevin Prufer – USA, Minnesota, 2008)

Објавени романи:
Повеќе од нула
(2004; 2005; 2006)
Четири ѕидови и град
(2006; 2008)
Три слики на победата
(2009; 2010)
Романот Четири ѕидови и град е преведен на украински.

Добитник е на неколку домашни награди за поезија, како и на меѓународната стипендија за писатели за 2011 година која ја доделува Фондацијата Хајнрих Бел (Келн, Германија).
Звонко Карановиќ денес живее во Белград како слободен уметник.

Related Articles