Есад Бабачиќ

/Есад Бабачиќ
Есад Бабачиќ 2018-08-21T17:17:58+00:00

Project Description

Есад Бабачиќ е роден на 21 јули 1965 година во 5:45 во Љубљана. На почетокот, пишувал текстови за панк бендот VIA OFENZIVA, чиј водач и пејач бил. Наскоро, еден еминентен словенечки поет ова го дефинирал како „вистинска поезија“.
Во 1984 г. морал да замине во Титоград (денешна Подгорица), Црна Гора, за 13 месеци да служи во тогашната ЈНА. По распаѓањето на Југославија ја загубил желбата да ги заврши студиите по хрватски и словенечки јазик. Освен што пишува поезија, работел и како новинар на националната телевизија.
Неговото досие открива и дека еднаш читал поезија со Џон Ешбери, на книжевна вечер во Берлин. Ја добил австриската награда Kultursalon Härbiger за песната „Дунав“.

Збирки поезија: Кавала (1986), На малиот боксер (1988), Ангел со изабени крилја (1989), Легнатиот поет (САД, 1990), Ветер во жилите (1994), Black Jack (1994), Китовите не се дујат (2000), Диван (2006) , Биоспектива (нови и избрани песни, со слики на Роман Урањек, 2008).

Related Articles