Драги Михајловски

/Драги Михајловски
Драги Михајловски 2018-08-21T17:17:46+00:00

Project Description

Драги Михајловски (1951), писател, преведувач и професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1981 година досега објавил шест збирки раскази (Речно улиште, 1981; Ѓон, 1990; Скок со стап, 1994; Триполската капија, 1999, Раскази од шести кат, 2003 и Пеперуткарот, 2009) четири романи (Пророкот од Дискантрија, 2001; Смртта на дијакот, 2002, Мојот Скендербеј, 2006 и Бајазит и Оливера, 2010), две книги за деца (Волшебното котле и други бајки,1995 и Сиромавиот и чучурлигата, 2000) како и две студии од областа на преведувањето (Нераспнати богови, 1991 и Под Вавилон: задачата на преведувачот, 2002). Од англиски на македонски превел повеќе од 110.000 стихови меѓу кои 37 драми и 154 сонети од Вилијам Шекспир, Загубениот рај од Милтон, Беовулф од непознат автор како и проза од Тони Морисон, Кензабуро Ое, И.Би. Вајт, Стојан Христов и други. За својата работа ги добил највисоките признанија во Република Македонија, меѓу кои: Рациново признание (1994), Григор Прличев (1996), Стале Попов (двапати, 2002 и 2006), Кирил Пејчиновиќ (2009). Член е на друштвото на писателите на Македонија, на ПЕН на Македонија и на интернационалната асоцијација на писателите за мир, Вашингтон, САД.

Related Articles