Димоски Сашо

/Димоски Сашо
Димоски Сашо 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

Сашо Димоски (1985, Охрид) дипломирал Општа и компаративна книжевност во 2008 година, а моментално е докторанд по театрологија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 2014 година работи како драматург во Театар „Џинот“ во Велес. Неговото творештво досега вклучува четири публикации: експерименталната проза „Дневникот на Хулиганот“, романот „Алма Малер“ – со кој стекнува интернационална афирмација, книгата собрани драми „Ние, Другите“ и романот „Петтото годишно време“ – за кој ја добива наградата за проза „Рациново признание“. Неговиот опус ги вклучува праизведбите на драмските текстови: „Федра“ (Театар „Џинот“, 2015), авторската драматизација на неговиот роман „Алма Малер“ (Македонски народен театар, 2015), „Медеја“ (ФАД Стоби, 2016), „Парламентарки“ (Народен театар Охрид, 2016), како и либретото за современ балет „Црвената соба“ (Македонска опера и балет, 2016). Неговиот драмски текст „Госпоѓиците од Авињон“, победник на Националниот конкурс за драмски текст, е оценет како „нов момент во македонската драма, македонски текст со европски формат“ и ќе биде праизведен на сцената на МНТ оваа сезона.

Related Articles