Дамир Шодан

/Дамир Шодан
Дамир Шодан 2018-08-21T17:18:03+00:00

Project Description

Дамир Шодан (Сплит, 1964), поет, преведувач, драматург, уредник, ги објавил збирките поезија Гласовни промени (1966), Среден свет (2001), Писма до дивиот Скит (2009) и Кафулето Аполинер (2013), книгите со драмски текстови Заштитена зона/Каин или неговиот брат (2002), Ноќ на долгите светла (2009), антологијата на современата хрватска „стварносна“ поезија По другата страна (2010), како и бројни преводи на англоамерикански поети на хрватски (Карвер, Буковски, Бротиген, Симиќ, Коен, О’Хара…). За драмата Заштитена зона ја освои првата награда за драматурзи од поранешната Југославија во Виена во 2000 година, а за бурлеската Чик лит третата награда на напреварот Марин Држиќ (2012). Член е на редакцијата на списанијата Поезија и Кворум во Загреб. Застапен е во американската антологија New European Poets (Graywolf Press, 2008), во француската Les Poètes de la Méditerranée (Gallimard, 2010) и во британската World Record (Bloodaxe, 2012) и во The Hundred Years’ War: Modern War Poems (Bloodaxe, 2014). Учествувал на многу меѓународни книжевни собири и фестивали. Член е на Хрватското здружение на писатели и на хрватскиот ПЕН. Веќе долги години живее и работи во Холандија како преведувач за Обединетите нации.

Related Articles