Гокченур Ч.

/Гокченур Ч.
Гокченур Ч. 2018-08-21T17:18:16+00:00

Project Description

Гокченур Челебиоглу. е роден во Истанбул во 1971, а детството го минал во повеќе турски градови. Дипломиран електроинженер, со магистратура по деловна администрација.
Своите песни почнал да ги објавува во турски списанија во 1990-та; првата книга, Прирачник за секоја книга ја објавува во 2006-та, а втората – Останатите зборови – во 2010. Обете книги ги објавува кај Yitik Ülke (Загубена земја). Третата книга, Единствениот начин за гледање на тринаесет косови одеднаш, ја објавува кај I Libri Del Merlo во Италија, во 2011-та, на италијански и турски. Четвртата книга, избор од неговата поезија, е објавена во Србија, во 2012. Книгата се вика Во светот сме ние, во светот се зборовите, овде сè е толку совршено (U svetu smo mi, u svetu su reči, ovde je sve tako savršeno) а е во издание на Treći Trg од Белград. Истата година излегува и неговата петта книга, Со толку многу зборови на грбот, кај Yitik Ülke.
Учествувал на неколку поетски и преведувачки работилници и фестивали во Рига, Вилниус, Истанбул, Атина, Тел Авив, Минхен, Белград, Лодев, Софија и Кунда. Песните му се преведени на англиски, германски, француски, грчки, бугарски, шведски, португалски, јапонски, романски, латвиски, македонски, српски, хрватски, окситански и хебрејски, и се објавени во книжевни списанија.
На турски ги превел Волис Стивенс, Пол Остер и антологија на современото јапонско хаику, а сега работи на антологија на современата американска поезија.
Основач е и ко-раководител на Word Express (www.word-express.org)
Објавува под псевдонимот Гокченур Ч.

Гокченур Ч. е член на Меѓународниот уредувачки одбор на Блесок.

Related Articles