Владимир Мартиновски

/Владимир Мартиновски
Владимир Мартиновски 2018-08-21T17:18:06+00:00

Project Description

Владимир Мартиновски (1974) e вонреден професор по предметите компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Библиографија: Од слика до песна – интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности (студија, 2003), Морска месечина (хаику и танка, 2003), Скриени песни (хаику, 2005), И вода и земја и оган и воздух (хаику, 2006), Споредбени триптиси (студии и есеи, 2007), Les Musées imaginaires, (студија, 2009), Ехо од бранови (хаибуни, 2009), Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија (студија, 2009), Квартети (поезија, 2010), Споредбени диптиси (студии и есеи, 2011), Побрзај и почекај (песни во проза, 2011), Портрет на поет со чадор (избрани песни, 2011), Обратен профил (избрани песни, 2011), Околу Европа (раскази, заедно со Петра Хулова, Зудабе Мохавез и Кристин Димитрова, 2012) и Пред и по танцот (поезија, 2012).
Ги приредил книгите: Ut pictura poesis – поезијата во дијалог со ликовните уметности, тематски избор од македонската поезија (заедно со Нухи Винца, 2006) и Метаморфози и метатекстови (заедно со Весна Томовска, 2008), Кога пеперугата станува песна (заедно со Лидија Капушевска-Дракулевска, 2010), Одисеи за Одисеја (2010), Нов македонски хаику-бран (2011), Лирски додекамерон (2012) и Книжевни дислокации (со Соња Стојменска-Елзесер, 2012).
Владимир Мартиновски е добитник на прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за 2009 година и на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (2010).

Related Articles