Џон Китс

/Џон Китс
Џон Китс 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

Англискот романтичарски поет Џон Китс е роден во 1795 година, во Лондон. Во 1816 година Китс станал лиценциран аптекар, но никогаш не работел во својата професија и наместо тоа решил да пишува поезија.
Ли Хант, влијателен уредник на списанието Егзаминер, го вовел Китс во еден круг писатели, во кој биле и поетите Перси Буш Шели и Вилијам Вордсворт. Влијанието на групата му овозможило на Китс да ја објави својата прва книга, Песни од Џон Китс, во 1817 година. Пишувајќи некои од свите најдобри песни меѓу 1818 и 1819 година, Китс воглавно работел на „Хиперион“, милтоновски еп во слободен стих за грчкиот мит за создавањето. Во 1819 година му се навратил на делото и го пре-напишал како „Падот на Хиперион“ (необјавен до 1856 година). Таа иста есен Китс добил туберкулоза. Во јули 1820 година, ја објавил својата трета и најдобра збирка поезија, Ламиа, Изабела, Вечерта на Св. Агнес и други песни. По совет на лекарите, а во потрага по топла клима зимата, Китс отишол во Рим со својот пријател, сликарот Џозеф Северн. Умрел таму, на 23 февруари 1821 година, на возраст од дваесет и пет години и закопан е на протестантските гробишта.

Related Articles