Љубен Пауноски

/Љубен Пауноски
Љубен Пауноски 2018-08-21T17:17:55+00:00

Project Description

Љубен Пауноски (1958), дипломирал историја на уметноста со археологија на Филозофски факултет во Скопје, Република Македонија.
Работел како новинар и уредник во весникот „Студентски збор“, ликовен критичар на Македонско Радио – Радио Скопје, каде бил уредник на секторот за култура и уметност. Ликовни рецензии објавувал во повеќе списанија за култура и уметност. Автор е на текстови во каталози за самостојни и групни изложби на македонски уметници и на уметници од поранешната СФРЈ. Автор е на монографиите: Методија Ивановски-Менде, Матица Македонска, Скопје, 1992; Трајче Јанчевски, Зумпрес, Скопје, 1996. Бил министер за култура (1999-2000) и министер за одбрана (2000-2001) во Владата на Република Македонија, и пратеник во Собранието на Република Македонија (1998-1999).

Related Articles