Љиљана Неделковска

//Љиљана Неделковска
Љиљана Неделковска 2019-08-05T08:36:52+00:00

Project Description

Љиљана Неделковска (1954, Дубровник). Дипломирала 1979 историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, кадешто работи како асистент од 1980 до 1985. Од 1985 работи како кустос во Музејот на современата уметност, Скопје. Има организирано голем број на изложби на македонски уметници, како и учество во неколку меѓународни проекти (Обединувачки проект: македонско-американска уметничка релација, 2003; Креативноста и катастрофата – во рамките на програмата на Американската асоцијација на музеи – Меѓународна соработка на музеи за 2005-2007). Има објавено голем број на текстови во списанијата: Разгледи, Момент, Големото стакло, како и неколку публикации од доменот на библиографијата. Во 1997 го добива грантот од Гети фондацијата за нејзината истражувачка работа: Апстрактното сликарство во Македонија во 60-те години.

Related Articles