Јулијана Величковска

/Јулијана Величковска
Јулијана Величковска 2018-08-21T17:18:25+00:00

Project Description

Јулијана Величковска е родена 1982 година во Скопје. Автор е на три книги: монографија „Дваесет години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), стихозбирка „Комарци“ (2010, ПНВ) и романот „Годишни времиња“ (ПНВ Публикации, 2014 и 2015 – второ издание)

Пишува поезија, проза и преведува.

Нејзините песни се препеани и објавени на неколку јазици, меѓу кои: кинески, англиски, српски, хрватски, словенечки, холандски, албански, чешки и италијански јазик.

Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, Србија, Чешка и Италија, а застапена е и во една антологија на светската современа поезија издадена во Кина.

Таа е член на организациониот одбор на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Основач е на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

Related Articles