Јосип Ости

/Јосип Ости
Јосип Ости 2021-07-19T19:50:37+00:00

Project Description

Јосип Ости (1945 – 2021), поет, прозаист, есеист, книжевен критичар, антологичар и преведувач, роден е на 19 март 1945 г. во Сараево, каде што дипломирал на Филозофскиот факултет.
Бил уредник за култура на студентското списание Наши дни, уредник во издавачката куќа Веселин Маслеша, секретар на Подружницата на книжевниците на градот Сараево и директор на Меѓународната книжевна манифестација Сараевски денови на поезијата, секретар на Друштвото на писателите на БиХ, претседател на Друштвото на книжевни преведувачи на БиХ и лектор/коректор во издавачката куќа Светлост; дваесет години е слободен уметник.
Живее во Словенија, во Томај на Крас.
Досега објавил триесет и три книги поезија (последните дваесет и две ги напишал на словенечки јазик), три книги проза, дваесет и седум книги есеи, книжевно-критички и публицистички текстови, како и книгата разговори со Изет Сарајлиќ и книгите преписки со Билјана Јовановиќ и Вера Зоговиќ. Уредил и превел четиринаесет антологии на босанско-херцеговската и словенечката поезија и проза, и превел повеќе од сто книги и седумнаесет драми од словенечки автори. Досега се објавени шеесет и пет преводи на неговите книги на словенечки (од хрватски), на хрватски (од словенечки), италијански, чешки, англиски, полски, турски, бугарски, шпански и македонски јазик.
Покрај другите, книжевни и преведувачки награди, добитник е на словенечките книжевни награди: Златна птица (1993), Вероникина (1999), Жупанчичева (2000) и Јенкова награда (2006), како и на меѓународната книжевна награда Виленица (1994) и на посебното меѓународно признание за поезија Scrittore di Frontiera (Трст, 2005).
Во Томај на Крас, во кој, како што самиот вели, живее хаику живот, во последните седум години напишал околу илјада хаику песни. „На ничија земја“ е, меѓу останатите други книги, шеста негова повеќејазична книга хаику објавена во Блесок. По оваа книга има објавено антологии на поезија на речиси 10 јазици.

Related Articles