Јирки Киискинен

/Јирки Киискинен
Јирки Киискинен 2018-08-21T17:17:58+00:00

Project Description

Јирки Киискинен дебитира како поет во 1989. Работел и како новинар, најчесто во книжевни списанија. Бил уредник на списанието Нуори воима (1991-1994), а потоа бил главен уредник на Книги од Финска (1996-2000). Живее во Хелсинки како слободен писател.
Јирки Киискинен е еден од посветените поети кои го создале Друштвото на живите поети, и организирал неколку книжевни настани. Преведувал поезија од шведски, француски, англиски и шпански, пишувал есеи, а до сега има објавено четири збирки поезија и три романи.
Во 2000, Националната медиумска компанија ја наградила неговата стихозбирка Додека живеам со поетската награда Игра мечка за најдобра поетска книга, а најновата стихозбирка Патување исто така била во потесен избор за оваа награда.
Во 1994 Јирки Киискинен дебитира како прозаист со романот Финци, кој бил номиниран за наградата Финландиа, а во 1995 ја добил наградата Калеви Јанти.
Неговите текстови се преведени на околу дваесет јазици.

Related Articles