Јехуда Амихај

/Јехуда Амихај
Јехуда Амихај 2018-08-21T17:17:53+00:00

Project Description

Јехуда Амихај (1924 – 2000)

Роден во Вирцбург, Германија во 1924 година. Се преселил и кратко живеел во Петах Тиквах пред да емигрира во Ерусалим со своето религиозно семејство во 1935 година. Неговата поезија е преведена на повеќе од 40 јазици. Амихај има објавено и еден роман, раскази и бројни драми, а добитник е и на престижната Израелска Награда. Во текот на Втората светска војна се борел во Еврејската бригада на британската армија, а потоа се приклучил кон специјалните сили на Палмах во 1946 год. За време на Војната за независност се борел во Негев, на јужниот фронт. По војната, Амихај го посетувал Хебрејскиот универзитет, проучувајќи библиски текстови и хебрејска литература, а потоа предавал во средни училишта. Неговата прва збирка поезија Achshav Uve-Yamim HaAharim („Сега и во другите денови“) била објавена во 1955 год и предизвикала сериозен интерес кај читателите и критичарите. Во 1995 година е награден со Златен венец на Струшките вечери на поезијата.

Related Articles