Јелена Лужина

/Јелена Лужина
Јелена Лужина 2018-08-21T17:17:49+00:00

Project Description

Јелена Лужина (1950, Дубровник), театролог, редовен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што ги предава предметите Македонска драма и театар и Теорија и методологија на театролошките истражувања. Втемелувач е на Институтот за театрологија при ФДУ, чиишто истражувачки тимови реализирале повеќе капитални научни проекти.
Четириесет години континуирано објавува театролошки, книжевно-теориски и есеистички текстови, создавајќи исклучително обемна авторска библиографија пишувана на повеќе јазици.
Објавила десетина авторски книги, меѓу кои и двотомната историја на македонската драма (Македонската битова драма, 1995; Македонската нова драма, 1996.). Приредила триесетина зборнички, антологиски, хрестоматски и монографски изданија, меѓу кои и големите монографии за повеќе македонски актери/режисери (Ристо Шишков, 2002; Илија Милчин, 2003; Петре Прличко, 2004). Како главен редактор, го раководела тимот кој ја реализирал дигиталната енциклопедија Театарот на македонската почва, награден со највисоката државна награда во областа на науката Гоце Делчев (2003). Нејзината книга Марин Држиќ: Комедии и пасторали во 2009 година ја доби наградата Davidias, која Друштвото на хрватските писатели ја доделува за најдобар превод на хрватската книжевност објавен во странство.
Членка е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот П.Е.Н. Центар и на Друштвото на хрватските писатели.

Related Articles