Јане Чаловски и Христина Иваноска

//Јане Чаловски и Христина Иваноска
Јане Чаловски и Христина Иваноска 2019-04-16T09:32:24+00:00

Project Description

Соработката на Јане Чаловски и Христина Иваноска, која датираат уште од 2000 година, оживува повеќеслојни концептуални можности инспирирани од насобраното знаење, интуитивните референци, историските и современите политички концепти. Нивните идеи произлегуваат од интересот за архитектурата, литературата, теоријата, историјата на уметност, како и од социо-политичката идентификација во сегашното пост-транзициско општество. Нивните проекти биле претставувани на бројни меѓународни контексти и институции вклучително и во Музејот на современа уметност Скопје (2018, 2017), Гуангдонг музеј на уметност, Кина (2017), Музејот на современа уметност Загреб (2017), Апотека – Простор за современа уметност, Водњан, Хрватска (2017), Музејот на Шлезија, Катовице (2017), Зхејианг музеј, Кина (2017), ПЕРА музеј, Истанбул (2016), Музејот на современа уметност Белград (2016), Градска уметничка галерија, Љубљана (2015), 56. Венециско биенале – Павилјон на Република Македонија (2015), Арт румс, Кирениа, Кипар (2015), Малме констмусеум (2015), Стаатлихе Кунстхале Баден-Баден (2014), Хрватското друштво на ликовни уметници, Загреб (2009), Галерија ЖАК|БРАНИЦКА, Берлин (2016, 2008), Галерија Кроника, Битом, Полска (2007), и други. Иваноска и Чаловски биле на уметнички престој во Скалпчер спејс, Утака, Њујорк (2016) и Корпорација Јадо, Саратога Спрингс, Њујорк (2001). Нивните самостојни и зеднички дела се дел од низа јавни и приватни збирки, вклучително и на збирката на Дојчебанк, збирката „Арт телеком“, музејот „Ван Абе“, Музејот на современа уметност, Скопје и други.

Јане Чаловски (1973, Скопје) студирал скулптура на Акаденијата за ликовни уметности во Пенсилванија (1992-1996), а дипломирал на колеџот „Бенингтон“ (1997). Учествувал на постдипломски програми на Центарот за современа уметност во Китакјушу (1999-2000) и на Академијата „Јан ван Ајк“ (2002-2004), а магистрирал медиумска и културна продукција на Универзитетот „Линкопинг“ во Шведска (2010). Во својата практика Чаловски се занимава со традицијата на истражувањето и преведувањето, поврзувањето, емпириски идеи со анализа на референциите од историјата на уметноста, што го води во дела ситуирани во просторната особеност на нова културна и политичка географија. Често се занимава со места во историјата и собира локална култура, како предмети, приказни и песни, за пресоздавање, покажувајќи дека современата концептуална уметност може да креира нови и иновативни сценарија и основи за интерпретација на домашното знаење со историјата и со општеството. Чаловски ги изложувал, прикажувал и ги објавувал своите контекстуално ориентирани и дела засновани на цртеж во меѓународни рамки, и тоа во: Музејскиот кварт во Виена, Францускиот институт во Токио, Националниот музеј на современа уметност (МНАЦ) во Букурешт, Бункер Штуки Краков, Фондација Баухаус Десау, Кунстхале Баден-Баден, Кунстхале Брегенц, Салцбург Кунстверајн, Уметнички центар Акбанк, Истанбул, Тејт Британија, Европски Кунстхале, Институтот за медиумска уметност на Холандија, Кроника – Битом, Констхале Брантс, Балтичкиот уметнички центар, Центарот за современа уметност во Вилнус, АР/ГЕ Кунст, Центарот за цртеж во Њујорк, Музејот на современа уметност во Скопје и други. Изложувал и на Биеналето за фотографија во Хелсинки (2014), Второто биенале на современа уметност D-0 ARK Underground (Босна и Херцеговина) (2012), СпаПорт интернешенал (2010), Манифеста 7 (2008), ПР 04, Порторико (2004), Манифеста 3 (2000). Исто така бил застапен и на Артинтернешенал 2015, Истанбул, Фриз Лондон, Арт Базел, Виенскиот уметнички саем и АРКО Мадрид. За својата практика, меѓу другите признанија, добитник е и на стипендијата ОРТунг 2012, на стипендијата од Фондацијата на Алијанц за уметност 2004, стипендијата „Пју“ за уметности 2001.

Христина Иваноска (1974, Скопје) дипломирала (1997) и магистрирала (2013) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во моментов е докторски кандидат по ликовни практики на Академијата за ликовни уметности, Виена. Иваноска работи со објект, текст, цртеж, видео, инсталација и перформанс, често интердисциплинарно и како критичко истражување на искуствата во денешните општествени и политички системи и нивниот однос со теоријата и историјата. Таа има реализирано дваесет и две самостојни изложби и бројни групни изложби во значајни институции и независни простори во земјава и странство. Од 2000 година соработува со Јане Чаловски со кого има остварено значајни колаборативни проекти. Нивното дело „Ние сите сме сами во ова“ беше претставено на 56. Венециско биенале – Павилион на Република Македонија. Иваноска изложувала во Музеј на современа уметност Скопје (2018, 2014, 2012, 2011), Музејот за скулптура – Палата Кроликарниа, Варшава (2017), Истражувачки павилион, 57. Венециско биенале (2017), МУМОК, Виена (2016), Абеи о Дам, Каен, Франција (2015), Националната галерија на Македонија, Скопје (2016, 2014), Кунстхаус – Простор за уметност и медиуми, Грац (2013), Националниот музеј на современа уметност (МНАЦ), Букурешт (2013), Државниот музеј на современа уметност, Солун (2012, 2004), Словачката национална галерија, Братислава (2011), Ново друштво за ликовна уметност, Берлин (2011), Оупен спејс – Центар за уметнички проекти, Виена (2010), <ротор> Друштво за современа уметност, Грац (2009), Констхал Ц, Стокхолм (2008), Магазин4 – Уметничка асоцијација од Брегенз (2008), Галерија Спејсис, Кливленд, Охајо (2005) и други. Иваноска била на уметнички престој во Флутграбен е.В. Набљудувачница Шлезишер Буш, Берлин (2014), Сите интернасионел дез ар, Париз (2011), ИАСПИС, Стокхолм (2008), Програма за резиденции АртсЛинк, Њујорк (2004) и Фондација Кунстлерхаус Бозвил, Швајцарија (1998).

Ги застапува ЖАК|БРАНИЦКА во Берлин.
www.zak-branicka.com

Related Articles