Ф. Скот Фицџералд

/Ф. Скот Фицџералд
Ф. Скот Фицџералд 2018-08-21T17:18:16+00:00

Project Description

Франсис Скот Ки Фицџералд (24 септември 1896 – 21 декември 1940) е американски писател и поет, претставник на т.н. „Изгубена генерација“ од дваесеттите години на минатиот век. Се смета за еден од најголемите американски писатели на дваесеттиот век. Името Френсис Скот Ки го добил по неговиот втор братучед, кој бил автор на американската химна. Бил оженет за Зелда Фицџералд, модна икона на дваесеттите, која исто така била прозаист.

Има напишано четири романи: Оваа страна на рајот (New York: Charles Scribner’s Sons, 1920), Убави и проколнати (New York: Scribners, 1922), Големиот Гетсби (New York: Scribners, 1925), Нежна е ноќта (New York: Scribners, 1934) додека романот Љубовта на последниот тајкун е објавен постхумно во 1941 година. Автор е и на повеќе збирки кратки раскази меѓу кои Флаперки и филозофи (1921), Сказни за добата на џезот (1922), Сите тажни младичи (1926).
Расказот „Бернис ја крати косата“ за првпат бил објавен во Saturday Evening Post во 1920 год, а кратко потоа и во збирката кратки раскази Флаперки и филозофи (1921). Како инспирација за приказната се писмата што Фицџералд ѝ ги праќал на својата помлада сестра Анабел, во кои ја советувал како да им биде попривлечна на момчињата. Оригиналниот текст бил многу подолг, па Фицџералд морал да скрати околу 3000 зборови и да го измени крајот за да ја направи приказната поинтересна на издавачите. Интересно е и тоа што Фицџералд ја запознал својата сопруга Зелда токму во еден кантри-клуб каков што е опишан во „Бернис ја крати косата“.

Related Articles