Умберто Еко

/Умберто Еко
Умберто Еко 2018-08-21T17:17:53+00:00

Project Description

Умберто Еко (1932) е италијански писател и научник, најпознат по својот прв роман Името на розата (1983). Во академскиот свет е познат како водечки научник во полето на семиотиката.

Еко е роден во Турин, Италија. Откако докторирал на Туринскиот универзитет во 1954, работел во редакцијата за култура на Италијанската РТВ. Од 1956 до 1970 предава естетика и семиотика на неколку италијански универзитети, а во 1971 станува професор по семиотика на Универзитетот во Болоња. Оттогаш, Еко е визитинг професор на неколку универзитети во САД, меѓу кои и Њу Јорк, Јејл и Колумбија.

И покрај неговото научно влијание, Еко е најпознат како колумнист во италијанските весници и списанија, и како прозаист. Покрај Името на розата, Еко има објавено уште неколку други романи кои го покажуваат неговото огромно познавање на историјата, философијата и книжевноста. Меѓу овие романи се и Фукоовото клатно (1988), Островот на претходниот ден (1994) и Бодулино (2000).

Од теоретските текстови на Еко се издвојуваат Отворено дело (1976), Теорија на семиотиката (1968, 1976) и Ограничувањата на интерпретацијата (1991).

Related Articles