Томас Хобс

/Томас Хобс
Томас Хобс 2018-08-21T17:18:24+00:00

Project Description

Томас Хобс (1588 –1679) е англиски филозоф, најпознат по своите дела од областа на политичката филозофија, особено по неговата книга Левијатан, објавена во 1651 година. Иако го поддржувал апсолутизмот на кралот, Хобс исто така ги развил и основите на европската либерална мисла, како што се: правата на поединецот, природната еднаквост на луѓето, вештачкиот карактер на политичкиот поредок (што довело до подоцнежната дистинкција меѓу граѓанското општество и државата). Бил еден од основачите на политичката филозофија и политичката наука. Неговото објаснување на човековата природа како соработка заради интерес и на политичките заедници како заедници засновани врз „општествен договор“ останува една од главните теми на политичката филозофија.

Related Articles