Соња Стојменска-Елзесер

/Соња Стојменска-Елзесер
Соња Стојменска-Елзесер 2018-08-21T17:18:17+00:00

Project Description

д-р Соња Стојменска-Елзесер е истражувач и професор во одделението за теорија на литературата и компаративна книжевност при Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија. Главен уредник е на меѓународното списание за компаративна книжевност и културолошки истражувања Контекс. Нејзините научни трудови се од областа на книжевната теорија и компаратистика. Член е на Европската мрежа за компаративни книжевни студии, на Меѓународната асоцијација на компаративисти и на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на книгите: Пулсирачка филологија (1997), Игропис: есеи за книжевниот лудизам (2004), Споредбена славистика (2005), Гризни го јаболкото: антологија на македонската еротска проза (2006), Компаративна книжевност (хрестоматија од едицијата Теории на другоста) (2007), Еквилибриум/Equilibrium (2009) и др.

Related Articles